Заштитениот сведок во „Монструм“: Бев присутен вечерта кога се случи убиството, ги видов и телата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Заштитениот сведок Е1 во случајот „Монструм“ на денешното рочиште рече дека на денот на петкратното убиство бил присутен кај Смилковско Езеро и видел 4 тела на земјата.
Прашан од страна на одбраната, заштитениот сведок рече дека не го видел петтото тело на рибарот.
Исто така, заштитениот сведок истакна дека на 12 април кај Смилковско Езеро освен црниот „голф“ со затемнети стакла, имало уште 2 возила со сина и бела/сива боја.
Виктор Јованов
Извор: Макфакс