Засилени полициски контроли за време на продолжениот викенд во Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на престојниот празничен викенд полицијата во Охрид ќе се преземе интензивни превентивни и други мерки со цел зачувување на стабилната безбедносна состојба.
Полициските службеници најавуваат дека ќе вршат засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг-просторите со цел спречување кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили. Контроли (самостојни, но и во соработка со пазарната инспекција) ќе се вршат и во угостителските објекти, а целта е доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки за заштита од Ковид-19, но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби.
Во сообраќајот ќе има физичко присуство на полициски службеници кои ќе го регулираат сообраќајот и ќе преземаат мерки за поголема сообраќајна безбедност. Полицијата апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат безбедносно-хигиенските мерки, поставената сообраќајна сигнализација, но и да придонесат за стабилна состојба во областа на јавниот ред и мир.
Извор: Макфакс