Правдико

   

Затвор за професор кој избркал студентка со шамија од предавање

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешен професор од Егејскиот универзитет во турскиот град Измир е осуден на казна затвор бидејќи не и дозволил на студентка со шамија да присуствува на предавање.

27112014201059_турција
Ова е прв случај некој во Турција да биде затворен поради таков прекршок.

Во 2012 година професорот Ренан Пекјунлу од катедрата за астрономија при Факултетот за физика бил осуден од судот во Измир на две години и еден месец затвор поради „ограничување на правото на образование“. Казната била потврдена и од Касацискиот суд, а против професорот се водат процеси за уште две слични дела.

Пред да замине во затвор за отслужување на казната, Пекјунлу учествувал на конференција во Измир, организирана од невладини организации, каде бил пречекан од студенти кои извикувале пароли во негова одбрана.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико