Затворен објект во Тетово, приведени 12 лица | Правдико

Правдико

   

Затворен објект во Тетово, приведени 12 лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер (8 јуни) од 23 часот и 35 минути  до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово.

При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости. Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години.

Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Партнери на Правдико