Затворен угостителски објект во Тетовско, приведени сопственикот и шест странски државјанки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Синоќа, полицијата затворила угостителски објект во тетовското село Желино бидејќи работел по дозволеното работно време. Приведени се сопственикот на локалот и шест странски државјанки.
„На 1.3.2021, во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с. Желино, Тетовско, сопственост на З. С. (48) од с. Желино. Притоа било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки, кои ги забавувале гостите.
Објектот бил затворен, а З. С. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот, и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс