Затворени два угостителски објекти, а сопствениците приведени поради кршење на Ковид мерките
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 15.12.2020 околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д.С, чиј угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот.
Објектот бил затворен, додека Д.С. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
На 15.12.2020 околу 22.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(27) од гостиварско Дебреше, затоа што неговиот објект во селото бил отворен и во него се наоѓале десетина гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок, исто така, по член 206 од Кривичниот законик. Неговиот угостителски објект без фирма бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.