Затворени два угостителски објекти во Охрид, кои работеле и покрај забраната
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот вчера на 07.00 часот денеска, забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, ја прекршиле две лица (Струга-1 и Кичево-1).
Во Охрид околу 20.30 часот и во охридското село Лескоец околу 22.30 часот, два угостителски објекта не ја почитувале забраната за работа и вршеле послужување на гости. Притоа, во угостителски објект лоциран на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, по што приведен е сопственикот на објектот. Од страна на Државниот пазарен инспекторат, објектите се затворени и против сопствениците ќе биде поднесена кривична пријава.
Полициските службеници во Охрид укажаа помош на лице со нарушено здравје кое, од улицата „Питу Гули“ е префрлено во Општата болница. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 дневна самоизолација.
Извор: Макфакс