Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.

„Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од Ковид-19 и препораките од Министерството за здравство и кризниот штаб на општина Свети Николе, менаџментот на фабриката ‘Мода’ АД и ‘Камотекс’ ДООЕЛ одлучи од денес, 10.7.2020 (петок), да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во нив во наредните денови“, објави Велковски.

Тој додава дека добил информација дека сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг-тест со цел утврдување на точната бројка на заболени лица.

Вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во општина Свети Николе до денес е 79.

Велковски апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од коронавирусот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико