Затворени кафеани во Битола, Прилеп, Ресен... | Правдико

Правдико

   

Затворени кафеани во Битола, Прилеп, Ресен…

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Затворени кафеани поради непочитување на Законот за заштита од пушење, неиздавање фискални сметки и присуство на малолетни лица по 24 часот е исходот од акцијата на СВР Битола, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи на 28 објекти угостителските објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар.

24C5B0EEE3E56E459424240BA22DA9F0

Во Битола извршена е контрола во ноќен клуб „Расчекор“, ноќен клуб „Перон“, кабаре „Давидов“, кабаре „Лектира“, кабаре „Ѕиу“, ресторан „Жежо“, ресторан „Роки кај Цане Боксеро“, ресторан „Триангл – кај чупињата“, ресторан „Слатка Малинка“ и гостилница „Реванш“, при што издадени се вкупно четири покани за наплата на глоба и извшени се 79 проверки на идентитет. Во кабаре „Давидов“ и кабаре „Лектира“ било констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење, а во кабаре „Лектира“ биле затекнати седум малолетници после 24 часот, од кои кај шест било беше констатирано присуство на алкохол. Од страна на инспекторите од УЈП и ДПИ, на правното лице кабаре „Давидов“ изречена му е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради неиздавање на фискални сметки за извршениот готовински промет, парична казна од 2.000 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради непочитување на забраната за пушење и парична казна од 1.250 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице.

На ресторан „Триангал – Кај чупињата“, гостилница „Реванш“ и кабаре „Ѕиу“ изречена им е мерка парична казна од 1.200 евра за правното лице, како и 300 евра на одговорното лице во правното лице за сторени прекршоци од Законот за угостителска дејност. Во останатите објекти не се констатирани неправилности.

Во Прилеп, извршена е контрола во ноќен клуб „Даниелс“, ноќен клуб „Престиж“ и „ВИП“, „Кај Муфит“ и „Суки“ во село Лажани, како и кај „Цаневци“ и „Еџевит“ во село Дебреште, при што издадени се вкупно седум покани за наплата на глоба, извршени се две проверки на идентитет, а три лица се приведени. Било констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење и присуство на две малолетни лица во ноќните клубови „Даниелс“ и „Престиж“, а од страна на инспекторите на УЈП во ноќниот клуб „Даниелс“ изречена е забрана за работа во траење од 30 дена поради немање на фискален апарат и неиздавање на фискални сметки.

Во Ресен, извршена е контрола во ќебапчилница „Синан Компани“, кафе бар „Таверна“, гостилница „Оаза“, ноќен клуб „ Фраме “ и кафе–бар „Из Голд“, при што се извршени три проверки на идентитет. Од страна на инспекторите од УЈП, на правното лице, ќебапчилница „Синан Компани“ изречена е парична казна од 2.500 евра во денарска противвредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради неиздавање на фискални сметки за извршениот готовински промет и парична казна од 750 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице. Во Македонски Брод, извршена е контрола во кафе бар „Пот Чука“ лоциран во село Пласница, кафе бар „Кардинал“ и кафе бар „Фрст“. Во кафе бар „Пот Чука“ изречена е парична казна од 2.500 евра во денарска противвредност и мерка забрана за работа во траење од 30 дена, поради прекршоци од Законот за регистрирање на готовинско плаќање, Законот за угостителска дејност и Законот за трговски друштва.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико