Затвореник кој бил пуштен на викенд ограбувал возила во Струга
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Затвореник од Струга, кој бил пуштен на викенд, ограбувал возила паркирани во близина на фудбалскиот стадион во Струга.
Според информациите на МВР, С.О. (26) од Струга, кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа во Прилеп, од каде што бил пуштен на дводневен викенд во Струга, извршил две кражби во автомобили.
„На 19 и 20 август пријавениот, користејќи соодветен алат, извршил кршење на задните стакла од патничките автомобили ‘фолксваген пасат’ со кичевски регистарски ознаки и ‘голф’ со тетовски регистарски таблички, по што влегувал во возилата и вршел пребарување во внатрешноста. Притоа одземал пари, облека, чанти и други предмети“, велат од МВР.
Крадецот бил уапсен на плажа во Струга во моментот кога сакал да украде чанта.