Затвореник починал на пат кон Клиника
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Затвореник во понеделникот вечерта во 21.45 часот починал на пат од затворот „Идризово“ кон Клиничкиот центар.
Засега не се познати причините поради кои починал четириесет и шест годишниот Ш.З. од струшкото село Радожда и зошто бил осуден.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.
Извор: Макфакс