Затвореник починал откако седум дена бил држен без вода | Правдико

Правдико

   

Затвореник починал откако седум дена бил држен без вода

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Затворен во самица седум дена без вода, затвореникот Терил Томас, кој бил ментално болен, починал од „акутна дехидрација“ во затвор во американскиот град Милвоки, во државата Висконсин. Томас починал уште минатата година, но фактите за неговата смрт се обелоденети на судско сослушување одржани во понеделникот и вторникот.

Чуварите намерно го држеле затвореникот без вода, како вид на казнување, се наведува во локалниот весник „Милвоки журнал сентинел“. Томас, кој бил обвинет за убиство на човек и пукање со огнено оружје во казино, на почетокот на служењето на затворската казна се однесувал неартикулисано, поради што бил преместен во самица.

Со оглед дека не сакал да биде мирен, затворските службеници ја сопирале водата во неговата ќелија, што неговото семејство тоа го сметало како мачење. Другите затвореници велат дека Томас, последните денови ги поминал во агонија, молејќи за вода. Смртта на Томас предизвика голем скандал во Милвоки, но и пошироко во САД.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико