Затвореник продавал марихуана во затворот во Штип
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишниот П.С. од Струга, кој е на издржување казна затвор во Казнено поправниот дом во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Стружанецот, за време на неовластено викенд отсуство од затворот во Штип, од непознато лице набавил неодредена количина на наркотична дрога марихуана, која потоа ја препакувал во мали пакувања и ја внел во затворот.
На 15.02.2017 година, по извршен претрес, пронајдени се 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 5,32 грама, тврдат од МВР.
Извор: Нова Македонија