Затворот го известил судот дека Груевски уште не се јавил за издржување на казната
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот соопшти дека денеска добиле известување од затворот во „Шуто Оризари“ оти експремиерот Никола Груевски не се јавил за издржување на затворската казна.
Од судот додаваат дека во текот на денешниот ден прават нови обиди да му го достават на Груевски решението на кривичниот совет за издржувањето на казната.
Доколку судските курири повторно не го пронајдат дома, односно ако судот оцени дека тој намерно ги избегнува доставувачите, веќе утре може да биде наложено Груевски присилно да биде спроведен во затворот во Шуто Оризари или по него ќе биде распишана потерница.
Во петокот судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат Груевски на адресата на која е пријавено неговото живеалиште. Експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, кој се однесува на набавката на „мерцедесот“.
Извор: Макфакс