Затворска казна за новинар во Азербејџан | Правдико

Правдико

   

Затворска казна за новинар во Азербејџан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Азербејџан одреди казна затвор од 30 дена за новинарот Ниџат Амирасланов, откако го прогласи за виновен за давање отпор на полицијата.

Амирасланов, кој е независен новинар од северноисточната област Казак, беше притворен на 22 мај, а судот денеска ја одреди затворската казна.

Колегите и пријателите на Амирасланов велат дека неговото апсење е одмазда на локалните власти за неговото известување и неговите мислења коишто ги објавува на интернет.

Меѓународните групи за заштита на човековите права и западните влади ја критикуваа поранешната советска република производител на нафта за супресија кон независните новинари. Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев ги отфрла критиките.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико