Затворски казни за малолетни исламски терористи во Германија | Правдико

Правдико

   

Затворски казни за малолетни исламски терористи во Германија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца седумнаесетгодишници се осудени во вторникот на високи затворски казни поради бомбашкиот напад врз храмот на Сиките во Есен, во кој беа повредени три лица, а казните произлегуваат од пресудата според којашто сторителите дејствувале од верска омраза.

„Мотив за нападот е омраза кон другите вери. Сторителите со години наназад се радикализирале“, се наведува во соопштението на судот, во кое се наведува и дека сторителите имале „многу блиски контакти“ со исламистичкото милје во областа Рур.

Процесот поради малолетноста на обвинетите се водеше без присуство на јавноста. Тие се осудени на затворски казни во траење меѓу шест и седум години.

Осудените, сите од Рур, се обвинети дека во април минатата 2016 година фрлиле експлозивна направа, направена во домашни услови, на свадбена свеченост во еден храм на заедницата Сики во Есен. Тога потешко беа повредени свештеник и двајца гости, а просториите на храмот беа тешко оштетени.

Обвинетите се бранеле дека само сакала да ги заплашат учесниците на церемонијата, но судот ја прифатил оцената на обвинителот, кој делото го квалификувал како обид за убиство.

Германските медиуми во вторникот се осврнуваат на невообичаено високата казна за малолетници. Законот за обид за убиство, во случај сторителот во времето на извршувањето на делот да бил малолетен, предвидува затворска казна во траење од шест месеци до десет години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико