Затворски казни за работодавачите кои ќе побараат од работникот да врати пари од платата | Правдико

Правдико

   

Затворски казни за работодавачите кои ќе побараат од работникот да врати пари од платата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pari-korupcija1Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда и Државниот инспекторат за труд согласно заклучокот на Владата на Република Македонија од Сто и осмата седмица одржана на 22.09.2015 година, под точка 32 – Информација за извршени инспекциски надзори за исплата на минимална плата за август 2015 година, се задолжени да изнајдат соодветно решение за проблемот кој настанува во случаите кога работодавачите им ја исплатуваат минималната плата на работниците, а потоа им бараат да се вратат дел од сумата на парите што им се исплатени, како и да се најде начин за стимулирање на работниците да ги пријават ваквите случаи и да се изнајде системско решение за ограничување на работодавачите при вршење на овие дејствија.

Повредата на правата од работен однос претставува кривично дело согласно член 166 од Кривичниот законик на Република Македонија во кој што е предвидено дека повредата, одземањето или ограничувањето на правото што му припаѓа на работникот е кривично дело и за истото е предвидено соодветна казна. Имајќи ги во предвид новините во Законот за минимална плата со кои се воведуваат нови измени во насока на зајакнување на механизмот за заштита на правата на работниците од неисплата на минимална плата и придонеси од плата, како и заклучокот на Владата на Република Македонија, како најсоодветно решение се предлага дополнување на Кривичниот законик во членот 166 со нови 3 става кои се однесуваат на воведување на кривична одговорност за неисплата на минимална плата и злоупотреба на минимална плата.

Имено според измените тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со затвор од три месеци до една година. Со казната ќе се казни работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико