„Зависности кај деца и млади во време на пандемија” – онлајн разговор на фејсбук-страницата на ХОПС | Правдико

Правдико

   

„Зависности кај деца и млади во време на пандемија” – онлајн разговор на фејсбук-страницата на ХОПС

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Утре во 19 часот на фејсбук-страницата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, ќе биде организиран онлајн разговор, каде во коментари ќе можете да ги поставите вашите прашања на тема: „Зависности кај деца и млади во време на пандемија“.

Соговорници ќе бидат: Деспина Стојановска -Психолог и Дарко Богески – активист и параправник во ХОПС, додека разговорот ќе го модерира Благородна Коцева Симјанов.

Организаторите на настанот посочуваат дека состојбата со пандемијата Ковид-19 дополнително ги влошила проблемите со кои се соочуваат децата и младите кои употребуваат дроги. Проблемите се здравствени (пристап до медицински установи и здравствена заштита), психолошки (страв за нивниот живот, стрес, вознемиреност) и економски (губење на работата или губење на работата на нивниот родител).

„Во време на Ковид-19, нашите психолози кои работат во Центар за рехабилитација и ресоцијализација имаа зголемен број повици од родители на деца и млади кои употребуваат дрога, барајќи психолошка поддршка во овие времиња“, велат од здружението ХОПС.

Како што додаваат, во земјата сè уште не постои државно финансирана национална програма за третман, рехабилитација и ресоцијализација на деца под 18 години.

„ХОПС работи на овој проблем долги години, а во 2018 и 2019 година го иницираше и олесни процесот на подготовка на ‘Програмата за третман и грижа на малолетни лица кои употребуваат психоактивни супстанции’. За жал, програмата сè уште не е усвоена од националните власти“, додаваат од здружението.

Настанот е поддржан од OSCE Mission to Skopje, во рамки на проектот: „Живеење со зависност – подобрување на менталното здравје и квалитетот на живот на децата и младите кои употребуваат дроги за време на пандемската криза на Ковид-19”.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико