Завршен проектот за хармонизација на законодавството за акцизи со правото и практиките на ЕУ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Твининг проектот „Хармонизација на законодавството и процедурите со правото и најдобрите практики на ЕУ, поврзани со акцизите“, преку ИПА 2010, со вкупна вредност од 947.368 евра, се спроведе во соработка помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Федералното министерство за финансии и Царинската управа на Република Австрија, и периодов е финализиран.
Првата компонента од проектот имаше за цел хармонизација на националното законодавство, поддржано со воведување соодветни контролни механизми и ИТ системи за негова имплементација, а втората компонента од проектот беше насочена кон зајакнување на административните и оперативни капацитети на Царинската управа што се потребни за имплементација на акцизно законодавство.
Како резултат на овие активности подготвен е нов Закон за акцизи кој е во голема мера усогласен со директивните на ЕУ и ги опфаќа најдобрите практики и процедури од повеќе земји членки на ЕУ.
Извор: Макфакс