Заврши потерата: Тодориќ ѝ се предаде на полицијата | Правдико

Правдико

   

Заврши потерата: Тодориќ ѝ се предаде на полицијата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ ѝ се предаде на британската полиција, објави „Н1“.

Хрватската полиција доби известување дека во 9.04 по локално време Ивица Тодориќ пристигнал во полициската станица „Шеринг Крос“ во Лондон. Тој е уапсен кога Хрватска распиша европска потерница за апсење. Телевизијата дознава од извори блиски до Тодориќ дека хрватскиот бизнисмен сам ѝ се предал на полицијата во Лондон.

Претходно, денеска, Хрватска на британската полиција ѝ достави информации за лондонската адреса на хрватскиот тајкун.

Според информациите на „Н1“, Тодориќ последните денови собирал пари за плаќање кауција за да се бори од слобода против негово испорачување.

Загрепското жупаниско државно обвинителство поведе истрага против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Анте Тодориќ и против дванаесет менаџери на „Агрокор“ поради незаконско прибавување стотици милиони евра.

На вкупната штета се надоврзува и незаконски прибавена корист во висина од дополнителни 320 милиони куни, прибавени за правно лице со фалсификување исправи и незаконско водење на деловните книги.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико