Заврши повтореното судење на Јанкуловска против Шилегов | Правдико

Правдико

   

Заврши повтореното судење на Јанкуловска против Шилегов

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со давање завршен збор, повтореното судење по приватната тужба на екс-министерката Гордана Јанкулоска против пратеникот Петре Шилегов заврши и според најавите на судот, пресудата ќе биде изречена на деветти следниот месец.

B9BDA94489561148866DFBCA709F06BF

Јанкулоска не дојде на повторениот судски процес. Пред повеќе од една и пол година, таа во спорот со Шилегов од судот беше обесштетена со 500.000 денари. Апелацискиот суд во Скопје утврди дека не постои основа за клевета, бидејќи податоците за имотната состојба на Јанкулоска, а кои ги презентираше Шилегов, биле обезбедени од имотниот лист објавен на интернет страницата на Комисијата за спречување на корупција.

На денешното повторено судење, Шилегов рече дека објавувањето на имотната состојба на Гордана Јанкулоска е од јавен интерес и дека податоците за зголемениот имот биле добиени од надлежни државни институции.

Судскиот процес што го поведе Јанкулоска се однесува на прес-конференција на која Шилегов обвини дека таа го зголемила својот имот за 200.000 евра, односно дека стариот стан го заменила за поголем и купила уште еден. На овие обвинувања Јанкулоска најпрвин реагираше преку соопштение на МВР, а потоа уследи и тужба со која таа побара надомест на штета од милион денари, но Основниот суд Скопје 2 и’ одреди надомест од 500.000 денари, односно осум илјади евра. (Љ.С.)

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико