Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција | Правдико

Правдико

   

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им обезбеди Франција додека чекаат да им се признае правото на азил како дел од операцијата за помош на граѓани што работеле за демократските институции и меѓународните организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Северна Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што до сега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократските и миротворните меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

За периодот на престој во земјата им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико