Заврши распитот на Јордан Мијалков | Правдико

Правдико

   

Заврши распитот на Јордан Мијалков

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заврши распитот на синот на поранешниот директор на УБК Јордан Мијалков во полициската станица во Кисела Вода. Тој беше повикан во врска со инцидентите за време на крвавиот четврток во Собранието на 27 април годинава.

Мијалков пред истражителите кажал дека бил на протести, на кои често учествувал. Во Собранието влегол за кратко, за да се поздрави со член на обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Синот на поранешниот директор на УБК претходно не одговори на поканата на обвинителството за организиран криминал и не дојде да даде исказ за неговото присуство и дејствување на крвавиот четврток. Тој не се појави на распитот бидејќи бил на патување, а отсуството го правдал и со тоа дека поканата не му била уредно доставена.

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Ален Зекиров, и Блаже Петревски се појавија во полициската станица. Распитот на Зекиров траеше речиси три часа.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико