Правдико

   

Заврши судската ферија, почна ново рочиште за „Титаник“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По завршувањето на судската ферија, денеска почна ново рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, што го води обвинителката Лиле Стефанова. Одбраната побара одложување на рочиштето поради настаната ситуација, односно поради оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Судот го одби таквото барање, затоа што смета дека доволно биле одложувањата до сега.

Стефанова започна со презентација на доказите кое Обвинителството ги прибра за кривичното дело изборна измама. Во судницата, од куќен притвор, е обвинетиот Миле Јанакиески.

Освен Јанакиески, во Титаник обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Лиле Стефанова минатата недела беше во фокусот на медиумите поради спомнувањето на нејзиното име во снимките поврзани со случајот „Рекет“, по што таа демантираше каква било вмешаност, а државниот обвинител Љубомир Јовески најави дека и таа ќе биде повикана да даде исказ за случајот.

Партнери на Правдико