Заврши судскиот спор меѓу ЕУ и „Астра зенека“, објавени детали од договорот | Правдико

Правдико

   

Заврши судскиот спор меѓу ЕУ и „Астра зенека“, објавени детали од договорот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија и „Астра зенека“ денеска објавија дека постигнале договор за испорака на преостанатите дози вакцини против Ковид-19.

Ова го заврши тековниот судски спор откако Европската комисија во април оваа година почна правни постапки против „Астра зенека“ за непочитување на договорите за испорака на вакцини и бидејќи компанијата, според Европската комисија, немала сигурен план за да обезбеди навремена испорака.

Договорот ќе ѝ овозможи на Европската Унија да ја забрза својата програма за вакцинација.

ЕК објави дека, според новиот договор, земјите членки ќе добиваат редовни испораки, а доколку има задоцнување, компанијата се обврзала на ограничен попуст.

„Постојат значителни разлики во процентот на вакцинирани меѓу нашите земји членки и достапноста на вакцините, вклучувајќи ја и таа на ‘Астра зенека’, е од клучно значење“, рече комесарот за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакиде.

Според договорот, „Астра зенека“ се обврза да испорача 60 милиони дози од вакцината до крајот на третиот квартал оваа година, 75 милиони до крајот на годината и 65 милиони дози до крајот на првиот квартал в година.

„Денешниот договор гарантира дека ‘Астра зенека’ ќе ги достави преостанатите 200 милиони дози вакцини до Европската Унија“, рече комесарот за здравство, Стела Киријакидес.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико