Правдико

   

Заврши сведочењето на Јанева: Не се чувствувам виновна

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, тоа треба неа да ја прашате. Се работи сѐ уште за истрага, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева по излегувањето од четиричасовниот распит од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

Како што нагласи Јанева, таа во ОЈО била повикана како сведок за случајот „Рекет“.

На новинарско прашање „дали знае каде завршиле парите од снимката што ја објави италијанскиот весник Ла Верита, Јанева без прецизен одговор.

„Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене – не знам. Не, не чувствувам вина. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар“, одговараше Јанева на новинарските прашања по излегувањето од ОЈО.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико