Правдико

   

Завршни зборови за случајот„Насилство во центар“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар со завршни зборови на одбраната, со што завршува овој судски процес од 2013 година. На минатото рочиште завршни зборови дадоа Обвинителството и одбраната на обвинетите Никола Груевски и Александар Трајковски.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Трајковски, во завршен збор пред Судот рече дека Обвинителството во ниту еден момент не го докажало делото насилство и побара ослободување.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиевски да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина. Адвокатот по службена должност, на првообвинетиот Никола Груевски, кажа дека целото дело се докажува само со еден разговор за кој рече дека е нелегално прибавен.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски. Обвинителството на почетокот се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико