Збирка на прописи - Народен правобранител | Правдико

Правдико

   

Збирка на прописи – Народен правобранител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Историјата во речиси сите цивилизации во све- тот памети времиња кога тортурата била ко- ристена како законско средство за изнудување приз нание и за казнување на осудениците. Денес, со утврдување на забрана на тортурата во многубројните меѓународни документи све- тот категорично застана на ставот дека во какви било услови и под каква било опасност за земја- та, не треба и не смеат да постојат исклучоци кои би оправдале чин на тортура. Меѓутоа во реалниот живот забранета или не, тортурата и другите форми на малтретирање за жал се уште се присутни.

Од тие причини, а притоа согледувајќи дека постоечките европски и светски инструменти за следење на состојбите во местата за ли- шување од слобода, не можат во потполност да одговарат на пре- дизвиците со справувањето на овој феномен, Обединетите нации го усвоија Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура, кој освен што предвидува формирање на Подкомитет за превенција на тортура воедно предвидува и воспоставување на Национални превентивни механизми во земјите што го прифатиле овој документ. Република Македонија Факултативниот протокол кон конвенција- та против тортура го ратификуваше кон крајот на 2008 година и со Законот за ратификација го назначи Народниот правобранител за Национален превентивен механизам.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико