Збирка на судски одлуки од примената на Законот за сопственост и други стварни права
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Збирка на судски одлуки од примената на ЗСДСП содржи 250 извадоци од пресуди, систематизирани според содржината на Законот за сопственост и други стварни права, поделени според глави и наслови, со што се олеснува пребарувањето и користењето на збирката.
Конструкцијата на збирката е составена од три типови на судски одлуки и тоа:
– првиот тип (повеќе од половината) претставуваат актуелни правни стојалишта на Врховниот суд и Апелационите судови, во врска со одредени имотно-правни односи, кои и натаму се провлекуваат во судската пракса во периодот од започнувањето на примената на Законот за сопственост и други стварни права.
– вториот тип на судски одлуки се извадоци – сентенци од билтени и Збирки на судски одлуки од Врховниот суд и Аплационите судови, кои се јавно објавени во посебни изданија и претставуваат официјални правни ставови за одредени имотно-правни прашања.
– третиот тип на судски одлуки го опфаќа периодот до стапувањето во сила на Законот за сопственост и други стварни права односно одлуки објавени во Збирки на судски одлуки од Врховниот суд, произлезени од примената на ЗОСПО и правните правила на имотното право кои беа во примена до 1980 г.
Оваа збирка има за цел да и овозможи на стручната јавност правилна интерпретација и примена на одредени институти од областа на сопственичко-правните односи и во таа насока да допринесе во услогласувањето на судската пракса како една од претпоставките за обезбедување на правната сигурноста на граѓаните во постапките пред судовите.
Автор: Адвокат м-р Александар Георгиев – Калица
Издавач: Институт за истражување и европски студии – Битола
Година: 2022
ISBN:978-608-65840-3-0
Број на страници: 613
Цена:1.790,oo ден. 1.590,оо ден.(со вклучена карго достава)
Плаќањето е при приемот на пратката или преку фактура.