Здравев: Приоритет ќе бидат постапките за нестручно постапување на судиите | Правдико

Правдико

   

Здравев: Приоритет ќе бидат постапките за нестручно постапување на судиите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новоизбраниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев, во првата изјава пред јавноста рече дека ќе се залага за транспарентно и отчетно работење и за враќање за довербата на граѓаните во судската власт.

„Очекувам да ја вратиме довербара во фелата, меѓу судиите кон Судскиот совет, а секако и довербата на граѓаните кон судството. Знаеме дека таа доверба на граѓаните сериозно е разнишана, но понатаму ќе се злагам за непристрасно и објективно судење…“, рече Здравев, кој ги спомна и забелешките за работата на Судскиот совет во извештаите на Рајнхрад Прибе.

На прашањето како ќе ги раскинат врските со политичарите, Здравев рече дека тоа е оставено на совеста на членовите на Судскиот совет и рече дека гарантира законита и крајно совесна работа.

„Сè што е поведено пред Судскиот совет како постапка за утврдување одговорност на кој било, дали е судија, претседател на суд, уште повеќе член на Судскиот совет, претседател на Судскиот совет, тие постапки мораме да ги завршиме“, рече новиот претседател на Судскиот совет.

Здравев рече дека постапките за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција сигурно ќе бидат завршени, но најверојатно со нив ќе се зафатат наесен.

„Тоа ќе биде приоритет. Тоа е заостаната работа од претходниот состав. Ќе им се даде приоритет. Штом е почната постапката, мора да се заврши. Па сигурно пред годишните одмори не, но наесен сигурно дека ќе се зафатиме сериозно со таа работа. До годишните одмори планираме, ако успееме, да извршиме избори на 6 судии во Аплеација во Скопје, двајца судии во Управниот суд и претседатели на 10 суда…“ рече Здравев.

Здравев рече дека имаат сознанија за специјалниот извештај на судиите СЈО, но не даде конкретен одоговор. Тој цитира мисла од античкиот филозоф Сократ, според кого потешко е да се нанесе неправда отколку да се трпи неправда од причини што оној што нанесува неправда си ја огрешува соспствената душа, а душата е персонификација на совеста. За заменик на Киро Здравев беше избран Селим Адеми. Во Судскиот совет се формирани комисии за нестручно и несовесно вршење на судиската функција за претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и другите врховни судии што го пуштија бизнисменот Сеад Кочан да се брани од слобода, а некои од нив одлучуваа за притворот на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико