Здружението на јавните обвинители со осуда за поставувањето експлозив во домот на обвинител во Кичево
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Здружението на јавните обвинители изрази осуда во врска со вчерашното поставување експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево.
„Овој чин освен загрозување на личната сигурност на јавниот обвинител и членовите на неговото семејство претставува сериозна закана и атак врз целата институција и принципот на владеење на правото во нашата држава.
Ваквиот чин не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција и примена на принципот на легалитет на гонење на сторителите на кривични дела.
Осудувајќи го овој акт на насилство, изразуваме силна поддршка на нашата колешка да истрае во борбата против криминалитетот.
Истовремено ги повикуваме надлежните органи во чија надлежност е оперативата за откривање на сторителите на кривични дела да преземат соодветни мерки за брзо откривање на сторителот на овој насилнички акт“, се вели во соопштението од Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители.
Извор: Макфакс