Здружението на медицинските сестри повикува масовно да се потпише петицијата за родилката од Дебар | Правдико

Правдико

   

Здружението на медицинските сестри повикува масовно да се потпише петицијата за родилката од Дебар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на медицинските сестри, техничарите, акушерките и стоматолошките сестри (ЗМСТАС) јавно ги осудува, како што велат од таму, сите обиди за манипулација при разрешување на случајот со родилката од Дебар, а воедно и нивна колешка и член на Здружението, сестра Јилдиз Веапоска.

„Унијата на ЗМСТАС ги повикува сите членови и хумани луѓе јавно да ја дадат својата поддршка преку потпишување на петицијата и да побараат решавање на целиот случај“, се наведува во соопштението.

Од Здружението апелираат до надлежните овој случај да го решат што побргу во име на хуманоста, но и во име на здравствените работници, односно медицинските сестри, кои, како што велат, се незаменлива алка во здравствениот систем.

„Сестра Веапоска по траумите што ѝ беа предизвикани при породувањето во струшката болница побара наша поддршка и реакција, која секако ја добива како наш член, наша колешка, но и како жена и мајка што заслужува правдата да излезе на виделина. За жал, предизвиканата штета е непоправлива, но овој случај мора да има транспарентен крај“, реагираат од извршниот одбор на Унијата ЗМСТАС.

Во јавноста деновиве се појави онлајн-петиција, чија цел е како, што се вели, правда за Јилдиз Веапоска и кривична казна за Мухамед Асани.

Гинекологот Мухамед Асани во изјавата за операцијата го згрешил полот на бебето, што со царски рез го родила Веапоска, која, по породувањето, дома си замина без бубрег, јајчник и матка, а Лекарската комора не најде лекарска грешка во нејзиното лекување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико