Правдико

   

Здружението на судии: Судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

v293028p0-610x330Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија на VI седница одржана на 18.03.2015 година, сублимирајќи ги доставените мислења од 26 (дваесет и шест) подружници од судовите во Република Македонија согласно заклучокот од V седница, излезе со соопштение во кое се вели:

Здружението на судиите на Република Македонија смета дека судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција согласно Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Македонија и со тоа обезбедуваат непристрасно судење, заштита и унапредување на слободите и правата на граѓаните и доследно почитување на принципот на владеење на правото.

Извор:Здружение на судиите на Република Македонија

Партнери на Правдико