Правдико

   

Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието.

За оваа функција тој беше предложен од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Претходно, Рамчиловиќ, кој беше дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, преку писмен допис го извести собранискиот спикер, Талат Џафери, дека ја напушта пратеничката група.

„Рамчиловиќ требаше да биде функционер на Груевски, но заврши како кадар на Заев“,  рече пратеникот Антонио Милошоски во дебатата за изборот на потпретседстел.

„Ова е политичка трговија. Рамчиловиќ беше подготвуван за функционер на Груевски, но се испазари кај Заев“, рече тој.

И за пратеникот Ѓорчев, не е прифатливо што пратеникот, како што рече, бил избран од една партија, а се пазари за функција во друга.

На изнесеното од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, одговори пратеникот Горан Мисовски од НСДП: „Многу ми е драго кога ја гледам ВМРО-ДПМНЕ како лее крокодилски солзи. Но, тоа е така затоа што сте толку отворени и демокрстиски настроени. Ете, се покажа на дело. Да бевте добри, ќе остснеше со вас“, рече Мисовски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико