„Зелената нафта“ влегува во владина процедура
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Утре влегуваат во владина процедура измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои треба да се воведе „зелена нафта“, најави ресорниот министер Љупчо Николовски.
Согласно измените, државата ќе покрива до 50 отсто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец (земјоделско стопанство) ќе добие платежна картичка за купување „зелена нафта“.
„Зелената нафта“ од Министерството за земјоделство изминатите месеци се најавуваше како решение кое ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел горивото воведено во ноември 2017.
Извор: ТВ24