ЗЕЛС: Парламентот до петок да најде решение за мандатите на градоначалниците | Правдико

Правдико

   

ЗЕЛС: Парламентот до петок да најде решение за мандатите на градоначалниците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За нормално функционирање на локалната самоуправа, што е законско право на граѓаните, Законодавниот дом до петок да најде решение за мандатите на градоначалниците и општинските совети, побара од Заедницата на единици на локалната самоуправа.

Според претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски веројатно решение е законска измена на регулативата која гласи дека изборите на локалната самоуправа се случуваат во првата половина на мај, и да се одреди друг датум со што ќе се пролонгираат мандатите на градоначалниците.

– Апелираме никој да не го злоупотребува ова наше обраќање како притисок – рече Трајановски, кој заедно со замениците претседатели Невзат Бејта и Зоран Дамјановски денеска се обратија во името на ЗЕЛС.

Оттаму истакнуваат дека со прекинување на мандатот на 15 мај, локалната самоуправа нема да може да ги извршува своите законски обврски и клучни надлежности. Меѓу ова, Трајановски наброја дека со ова може да се доведе во прашање противпожарната служба, која е општинска надлежност, а поради непримање плата може да немаат услови за извршување на обврските.

– Нема да се издаваат градежни дозволи, вработените во локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија нема да примаат плата. Над 10 илјади вработени јавни претпријатија, над 30 илјади вработени во основните и средни училишта како и градинките нема да примаат плата. Може да се доведе во прашање и испоракта на вода, собирањето на смет, како и склучување бракови, оти официјални сведоци се членови на општинските совети – рече Трајановски.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико