Земан предлага формирање посебна војска за справување со мигрантите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека Европската унија треба да формира заедничка војска за да ги брани границите од бранот на бегалци, и би била поефикасна од оградите.
Милош Земан, на годишната средба со чешкиот амбасадор во Прага, истакна дека е за поголема заштита на границите на Европската унија.
“Кога бев пред две години во Стразбур зборував за потребата од заедничка армија, некои гледаа на тоа со потсмев. Денес има голема потреба од таква војска”, потенцира Земан.
Чешкиот претседател предупреди дека Европската агенција за заштита на границите, Фронтекс, има само неколку слабо вооружени бродови кои не можат да се справат со “шверцерите кои се вооружени со калашникови” и дека главната грешка на ЕУ е дека нема политичка волја за обезбедување на границата.
“По искуствата со Берлинскиот ѕид, јас лично имам одредена одбивност кон огради, а да не го споменеме фактот дека во Србија, наводно, веќе биле купени сите ножици за сечење лим, и е многу веројатно дека оградите нема да ги запрат.
Чешкиот претседател ги критикуваше Италија и Грција, на кои Чешка им понуди помош за обезбедување на границите, дека не одговориле на понудата.
Од почетокот на годината во Чешка влегле малку повеќе од 3.000 бегалци, и тоа само во транзит на пат кон Германија и скандинавските земји, а оние бегалци кои се приведени од полицијата побарале азил во Чешка.