Земјите-членки на ОБСЕ не можат да постигнат согласност за нов медиумски набљудувач
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од утре непополнета останува влијателната функција на набљудувач на слободата на медиумите во Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), откако земјите членки не успеаја да се договорат за наследникот на Дуња Мијатовиќ, во Виена денеска информираа дипломати, цитирани од ДПА.
Во својот последен говор од оваа функција, Мијатовиќ, која е босански медиумски експерт, предупреди дека „во многу, многу земји слободата на медиумите виси на конец“.
Нејзиниот редовен мандат заврши уште пред една година, но земјите од ОБСЕ одлучија да и го продолжат до крајот на оваа недела, откако Русија го блокира кандидатот кој се издвои меѓу неколкумината пријавени за нов претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите.
Цела година не беше доволна во ОБСЕ да се договарат за неследникот на Мијатовиќ – одлука која бара консензус на сите 57 земји членки.
Во моментов се прават напори мандатот на Мијатовиќ да биде продолжен уште еднаш за краток период, за дипломатите да можат да најдат решение, за ДПА јавија добро информирани извори.
За постигнување согласност за таков серизоен чекор ќе бидат потребни неколку дена.
Извор: Нова Македонија