Правдико

   

Земјите на БРИКС со декларација за Украина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

D0961A80-6ED8-4FAF-AF8B-FC15E38DF2E3_w640_r1_sРускиот претседател Владимир Путин се сретна со лидерите на растечките нации во рускиот град Уфа на самит кој се смета за обид на Москва да покаже дека не е изолирана и покрај застојот на односите со Западот поради конфликтот во Украина. Лидерите на БРИКС- Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, усвоија декларација со која изразуваат „длабока загриженост“ околу смртоносниот конфликт во источна Украина. Во документот се повикуваат владините сили и про-руските сепаратисти да се придржуваат на договорот за прекин на огнот, потпишан во февруари од Украина, Русија, бунтовниците и ОБСЕ.

Во меѓувреме, Украина и Западот ја обвинуваат Москва за постојана поддршка на сепаратистичките борци.

Земјите на БРИКС исто така изразија увереност дека разговорите во Виена за иранската нуклеарна програма ќе резултираат со договор.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико