Земјите со најголема застапеност на жени во парламентот | Правдико

Правдико

   

Земјите со најголема застапеност на жени во парламентот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Изминатата година беше годината во која парламентите ширум светот броеле најмногу жени. Просечно, 21,8% од членовите на парламентот се жени низ светот. Во 2012 година, процентот изнесувал 20,3. Пред една деценија, тој изнесувал само 15.

200891131024682965_8

Според неодамнешен извештај од страна на Меѓупарламентарниот сојуз, парламентот на Руанда има најголем процент на жени во светот. Дури 63,8% од членовите на парламентот во оваа земја се жени. Ова е последица од новиот устав на земјата, според кој, најмалку 30% од сите законодавни места мора да бидат доделени на жените.

На второто место на листата се најде Андора, со 50% присутност на жените во парламентот. Зад неа следуваат Куба, Шведска и Сејшели.

Од друга страна, на последните места се најдоа Микронезија, Палау, Катар и Вануату, со 0% присутност на жените во парламентот.

Иако овие податоци покажуваат напредок, жените продожуваат да бидат помалку застапени во владата, па дури и во Руанда, кадешто присуството е пониско во владата за разлика од парламентот.

Ова се десетте земји со најмногу застапени жени во парламентот.

Zemji_so_najmnogu_zheni_vo_parlament

Извор: Statista

Целиот детален извештај можете да го превземете ТУКА 

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико