Правдико

   

Земјите во кои истополовите бракови се легални

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во светот моментално истополовиот брак е легален во 17 земји: Холандија, Белгија, Шпанија, Канада, Јужноафриканска република, Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд, Аргентина, Данска, Франција, Бразил, Уругвај, Нов Зеланд, Велика Британија и Луксембург. Мексико и САД дозволуваат истополови бракови во одредени региони. Многу други земји нудат некаков вид заштита за истополовите врски.

samesexcouples

Холандија (2001)

Холандија беше првата земја која стави крај на забраната на истополови бракови. Тоа го направи во 2001 година, кога Парламентот изгласа елиминирање на дискриминацијата од законот. За да се стапи во истополов брак во оваа земја, законот бара барем едно од лицата да биде државјанин на Холандија или да живее во земјата. Во декември 2012, холандскиот остров на Карибите, Саба, донесе одлука за дозвола на истополовите бракови.

Белгија (2003)

Белгија стана втората земја која го легализираше истополовиот брак на 13 февруари во 2003 година, кога кралот Алберт Втори го дозволи предлог-законот. Слобода на брак имаат само паровите кои доаѓаат од земјите во кои се дозволува тоа. На почетокот, истополовите парови немале право да посвојат деца, но Парламентот го дозволи ова во 2006 година.

Шпанија (2005)

Со победата на Шпанската Социјалистичка Партија во 2004 година, новоодбраниот премиер Хосе Луис Родригез Запатеро стави крај на дискриминацијата врз истополовите парови и го дозволи истополовиот брак во земјата. Католичката црква се противела на оваа промена, а многу државјани ја поддржувале во ова, но Парламентот пресудил во полза на слободата за брак. Според законот, барем еден партнер треба да биде од Шпанија, а дозволен е и брак помеѓу парови кои имаат легално живеалиште во Шпанија.

Канада (2005)

На 28 јуни во 2005 година, Парламентот на Канада го донесе законот за брак во кој се дава неутрална дефиниција на оваа институција. Законите за брак во Канада немаат специјални услови за државјанство, па секој може да стапи во истополов брак во земјата.

Јужноафриканска република (2006)

Во 2005 година, Уставниот суд на Јужноафриканска република изгласа против дискриминацијата на истополовите парови во поглед на стапувањето во брак и му даде една година на Парламентот да го промени законот. Наредната година, Парламентот изгласа за легализација на истополовите бракови во земјата, со што ја направи Јужноафриканска република прва земја во Африка која го дозволила тоа.

Норвешка (2009)

Во 2008 година, членовите на Парламентот во Норвешка го изгласале законот за дозвола на истополови бракови. Оваа скандинавска земја претходно дозволувала стапување во граѓанска заедница помеѓу истополовите парови.

Шведска (2009)

Во 2009 година, мнозинството од Парламентот на Шведска изгласало во полза на законот за дозвола на истополовите бракови во земјата. Законот стапил во сила на 1 мај во 2009 година, иако во земјата биле дозволени истополовите граѓански заедници од 1995 година.

Португалија (2010)

На 18 мај во 2010 година, претседателот на Португалија го одобри законот кој бил предложен во јануари истата година од страна на Парламентот. Законот го дозволува бракот помеѓу хомосексуалците од 31 мај 2010.

Исланд (2010)

Истата година, Парламентот на Исланд едногласно го изгласа донесувањето на законот за одобрување на истополовите бракови во земјата.

Аргентина (2010)

Месец подоцна, Аргентина стана првата земја во Јужна Америка која донесе закон за дозвола на истополовите бракови. Овој закон ги штити правата на хомосексуалците како и правата на хетеросексуалците во брачна заедница, вклучувајќи го и правото за посвојување.

Данска (2012)

Во 1989 година, Данска донесе закон со кој се дозволува граѓанската заедница помеѓу истополовите бракови. Во 2012 година, владата на Данска донесе предлог-закон со кој би се легализирал бракот помеѓу истополовите парови. Законот беше донесен после неколку месеци.

Бразил (2013)

Во 2013 година, Бразил се придружи на претходно споменатите земји и донесе закон со кој бракот помеѓу истополовите бракови стана легален.

Франција (2013)

Истата година, претседателот на Франција, Франсоа Холанд, го прифати предлог-законот за дозвола на истополовите бракови во земјата.

Уругвај (2013)

На 10 април во 2013 година, Парламентот на Уругвај го изгласа законот за слобода на брак помеѓу истополовите парови. Претседателот го потпиша законот на 3 мај, а Уругвај стана третата земја во Јужна Америка која дозволува истополови бракови.

Нов Зеланд (2013)

На 17 април истата година, Парламентот на Нов Зеланд го изгласа законот за дозвола на истополовите бракови откако премиерот јавно изјавил дека ја поддржува слободата за брак помеѓу секого.

Обединетото Кралство (Англија, Велс, Шкотска)

На 17 јули во 2013 година, кралицата на Англија го поддржа донесувањето на законот за слобода на брак помеѓу истополовите парови во земјата. Британскиот Парламент изгласа во полза на овој закон повеќепати и истополовите бракови станаа легални на 29 март во Англија и Велс, а на 4 февруари во 2014 и во Шкотска.

Луксембург (2014)

На 18 јуни во 2014 година, Луксембург го изгласа законот со кој се дозволува бракот помеѓу истополови парови.

Земји со регионална слобода за брак

САД

Дел од сојузните држави во САД дозволуваат истополови бракови. Во 2004 година, Масачусетс стана првата држава на листата, а потоа следувале и Калифорнија, Конектикат, Делавер, Хаваи, Ајова, Илиноис, Мејн, Мериленд, Минесота, Њу Хемшир, Ново Мексико, Њујорк, Орегон, Пенсилванија, Роуд Ајленд, Вермонт и Вашингтон.

Мексико

На 4 март во 2010 година, Мексико Сити изгласа закон за „слободно обединување помеѓу двајца луѓе“. Законот дозволува и посвојување од страна на истополови партнери. Во 2012 година, државата Кинтана Ро го легализираше истополовиот брак.

Земји кои прават чекори кон зголемување на слободата на истополовите партнери

Австралија

Во Австралија, кога паровите (вклучувајќи ги и истополовите) живеат заедно повеќе од две години добиваат статус со кој добиваат заштита и одговорности кои се добиваат со бракот. Повеќе сојузни држави имаат механизми за регистрирање на врски или граѓански заедници кои се легални и за истополовите парови.

Колумбија

Во јули 2011 година, Судот изгласа дека Конгресот на Колумбија мора да предложи закон за слобода на брак или еднаква алтернатива за истополовите парови пред 20 јуни 2013 или институцијата автоматски ќе го легализира бракот помеѓу истополовите парови. Во 2012 година, била прифатена мерка за слобода на истополовиот брак од страна на Сенатот, но ова не било дозволено следната година. Наскоро, истополовите парови ќе може да ги регистрираат своите заедници на суд.

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Услови за склучување и полноважност на бракот и постапка за давање дозвола за склучување на брак

– Постапка за склучување на брак надвор од службените простории

– Брачни пречки

– Стекнување имот во брачна заедница

Партнери на Правдико