Земјоделците упатија 24 часовен ултиматум до власта да им ги исплати субвенциите | Правдико

Правдико

   

Земјоделците упатија 24 часовен ултиматум до власта да им ги исплати субвенциите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради неисплатените субвенции земјоделците излегоа на протест. И дадоа на власта 24 часовен ултиматум да им ги исплати заостанатите субвенции. Во спротивно најавија радикализација на протестите.

„Денеска предупредување, од секое место има по еден претставник, од секое село. Да знаете дека Град Скопје ќе биде тотално парализиран. Нема ништо да функционира, макар некој да оди и леб да купи. Што бенефиции имаме ние што ја чуваме таа стока. Тука во Скопје ќе ја донесеме и цела менахизација, ќе донесеме овци, крави, свињи“, велат земјоделците.

„Тие земаа плати, ние ги бараме овие пари за преживување. Ние сме најниска гранка, бараме Влада која ќе не поддржи не Влада којашто ќе не ограбува“, додаваат земјоделците.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико