Зголемен бројот на магистри и на специјалисти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Скопје, 23 март, 2015 (META) Минатата година за 31,8 отсто се зголемил бројот на лицата што станеле магистри или стекнале звање специјалист, соопшти Државниот завод за статистика.
„Во 2014 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2.194 лица, од кои 2.038, или 92,9 проценти, се магистри и 156, или 7,1 отсто, се специјалисти. Бројот на магистри и на специјалисти, во споредба со 2013 годинa, е зголемен за 31,8 проценти“, стои во соопштението.
Според статистичките податоци, 58,5 отсто од лицата што стекнале научен степен магистер на науки се жени. Најголем број од магистерските трудови, 1.400 или 68,7 проценти, се од областа на општествените науки, 15,2 отсто се од областа на техничко-технолошките науки, а другите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и на медицинските науки.
Извор: МЕТА