Зголемен прилив на мигранти, во Гевгелија влегле речиси шест илјади | Правдико

Правдико

   

Зголемен прилив на мигранти, во Гевгелија влегле речиси шест илјади

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија изминатото деноноќие влегле 5.700 мигранти кои по евидентирањето заминале кон граничниот премин Табановце. Приливот на мигрантите се зголемил во вечерните часови поради што, покрај возови, во превозот се вклучени и автобуси и такси возила.

Од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија денеска соопштија дека по пристигнувањето на мигрантите им се дели храна и облека во куќарки за таа намена и оти на просторот пред септичката јама во кампот се монтирани корита за перење алишта кои активно се користат од страна на мигрантите.

Во помошта и донацијата на опрема, според договорот склучен со ЦУК, ќе се вклучи и „СОС детско село“ веднаш откако ќе добие локација за сместување во привремениот транзитен центар за мигранти.

Кетеринг службите почнаа да донираат топол оброк за мигрантите, а поради ограничениот опфат наскоро ќе се реши дали во просторот на кампот ќе има ви-фи конекција за потребите на службите и мигрантите.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико