Зголемување на бројот на разводи во Европа – концептот на семејството се менува | Правдико

Правдико

   

Зголемување на бројот на разводи во Европа – концептот на семејството се менува

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

razvodДали разводот е поприсутен во Европа?

Во неодамнешни години, разводите се сè поприсутни во западните земји. Во Европа, браковите се намалуваат, додека бројот на разводи се зголемува. Ова доведува до зголемен број деца родени со родители надвор од брачна заедница или самохрани родители. За време на 2010 година во земјите-членки на Европската унија имало 2,2 милиони бракови и 1 милион разводи. Во секои 1.000 жители, 4,4 биле во брак, додека 1,9 се развеле.

Историја

Во 1970, имало 7,9 бракови на 1.000 жители и 1,0 разводи за истиот број жители во истиот регион. Зголемениот број на развод и намалувањето на браковите кои се случиле во овие 40 години делумно е предизвикано во главно од законодавни причини. Одредени земји, како Малта, Шпанија, Италија и Ирска, ги ограничиле можностите за развод или целосно ги забраниле во текот на минатото. Порастот на бројот на разводи во овие земји е предизвикан од неодамнешната легализација на истите. Во Малта, разводот бил легализиран дури во 2011 година, поради што бројот на разводи е помалку зголемен.

Процентот на разводи се разликува низ Европската унија. Во Грција, во 2009 година бројот на разводи изнесувал 1,2, додека во Латвија изнесувал 4,0 во 2011 година. Италија забележала број од 0,9 разводи, додека во Белгија се забележани 2,9 разводи во 2011. (на 1000 жители)

Последици

Зголемениот број разводи довело до зголемување на новороденчиња родени надвор од брачна заедница. Во Европската унија, процентот на овие новороденчиња изнесува 38,3. Во 1990, процентот изнесувал само 17,4. Како и разводите, бројот на деца родени надвор од брачна заедница се разликува помеѓу нациите. Во Естонија, тој изнесувал 5,97%, додека во Шведска 54,3%. Процентот бил најмал во Грција, 7,4% во 2011, а највисок во Исланд со 65%.

За Европејците, ова покажува дека концептот на семејство се менува. Бракот повеќе не е културно неопходен за да се започне семејство; голем дел од децата родени надвор од брачна заедница сè уште живеат со родителите. Законските алтернативи, како здружувањето, добиваат поголемо признание, додека многу парови чекаат да влезат во брак. Кај помладата генерација пропаѓаат традиционалните бракови и социјалните карактеристики. Наместо тоа, сега е прифатливо и нормално да се живее заедно со партнерот или да се донесе одлука за негување на вонбрачна заедница. Резултатите од заедничкиот живот без брак се различни нив европските нации. Во Швајцарија поретко се раѓаат деца во вонбрачна врска. За разлика од Швајцарија, Франција и Шведска имаат зголемени броеви деца родени во ваква врска.

divorce2Фактори кои влијаат

Еден од најлесните начини да се разбере бројот на разводи е да се погледнат највисоките нивоа на земјите. Во Данска, 42,7% од браковите завршуваат со развод. Ова ја сместува Данска на четврттото место на листата на земји со најголем процент на разводи во Европа. Порастот на нивото на разводи можеби е предизвикан од лесното прекинување на врската. За да добиете развод во Данска Ви се потребни само 68 евра и 6 месеци. Нацијата е позната по половата еднаквост; приближно 86% од жените продолжуваат да работат по раѓањето дете. Откако ќе се вратат на работното место, тие добиваат 75% од трошоците за чување на детето и нивното здравствено осигурување е покриено од владата. На овој начин жените не се зависни од своите мажи. Наместо тие да останат заедно за здравственото осигурување или делење на трошоците, паровите имаат слобода да се разделат и да ги следат своите патишта доколку врската се распаѓа.

Случаите на разводи се зголемуваат во Европа. Оваа промена делумно се должи на олеснувањето во процесот на добивање развод на некои места, како и помалите последици од разделбата. Ова довело до ситуација каде три од десетте нации со најмногу разводи се дел од Европската унија.

Автор: Драгана Петрушевска

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико