Жалбите на Грујовски, Јакимовски и Бошковски стигнаа во Врховен суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Жалбите за притворите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски стигнаа до Врховниот суд. Тоа го потврди за „Макфакс“ адвокатот на одбраната , Петар Василев.
Сите тројца се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се однесуваат на незаконското прислушување илјадници телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби и на незаконското уништување на опремата со која се правело тоа кога беше откриен случајот.
Апелацискиот суд деновиве практично ги уважи приговорите на СЈО и на тројцата им одреди мерка притвор наспроти сите други обвинети на кои само им беа одземени пасошите.
Извор: Макфакс