Жбогар: Нема повеќе изговори за доцнење на Специјалниот суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Не гледам ниту една причина за какво било понатамошно доцнење со формирањето на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, изјави специјалниот претставник на ЕУ во Приштина Самуел Жбогар, истакнувајќи дека уставните амандмани се веќе во парламентот и дека законот е подготвен.
– Не им завидувам на пратениците во косовскиот парламент, како на претставниците на албанските партии, така и на претставниците на заедниците. Од една страна, тие се загрижени како нивното гласање ќе се одрази на минатото на Косово, а од друга страна, гледаат во иднината – изјави Жбогар.
На информациите во медиумите дека одолговлекувањето штети на Косово и дека Европа има начин да ја казни Приштина, Жбогар изјави дека не се зборува за казнување, но дека од главните центри секојдневно се поставува прашањето зошто доцни Специјалниот суд.
– Ние им објаснуваме колку тоа е тежок и долг процес. Сепак, станува збор за меѓународна обврска – нагласи специјалниот претставник на ЕУ за Косово.
Извор: Нова Македонија