Жена измамила скопјанка – ѝ побарала злато за да ѝ тргне црна магија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дваесет и деветгодишна скопјанка била измамена од жена што ѝ ветила дека ќе ѝ тргне црна магија ако ѝ даде злато.
Според информациите на МВР, вчера В.С. (29) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.40 часот била измамена од страна на непознато женско лице.
„Кога лицето дошло во нејзиниот двор со намера да ѝ продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да ѝ зборува во врска со животот на В.С. дека некој ѝ направил лоши работи и доколку сака, таа може да ги отстрани. Кога пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа ѝ рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе ѝ го врати“, велат од полицијата.
По ова, непознатата жена го зела накитот, си отишла и не се вратила.
Извор: Макфакс