Жена осудена на една година затвор во Кина – ги криела симптомите пред да се качи во авион | Правдико

Правдико

   

Жена осудена на една година затвор во Кина – ги криела симптомите пред да се качи во авион

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Жена од Кина е осудена на една година затвор за прикривање на симптомите на коронавирусот пред да се качи во авион на меѓународен лет.

Според „Глобал тајмс“, 37-годишната жена во март минатата година зела лекови за да ја намали температурата и да ги прикрие симптомите на коронавирус, пред да се качи на летот од САД кон Кина.

Симптомите ги открила дури откако слетала во Пекинг, кога направила тест кој покажал дека е позитивна на коровавирус, а поради неа 63 лица биле ставени во карантин.

Во октомври минатата година Народниот суд во Пекинг го оцени нејзиното однесување како кршење на кинеските правила и оцени дека таа претставувала сериозен ризик од ширење на вирусот.

Жената е осудена на една година затвор и една година условна казна за кривично дело попречување на превенција на заразни болести.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико