Жена почина во болница по сообраќајна несреќа кај Суводол | Правдико

Правдико

   

Жена почина во болница по сообраќајна несреќа кај Суводол

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Автомобил удри во жена на регионалниот пат Прилеп – Кичево, која почина по приемот во болница.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила синоќа на регионалниот пат Прилеп – Кичево, на местото наречено Гранит кај селото Суводол – Македонски Брод.

„Патничко возило ‘фолксваген шаран’, со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С. П. (64) од Македонски Брод, удрило во Е. З. (31) од с. Брест – Македонски Брод. Во незгодата Е. З. добила тешки телесни повреди по што била пренесена во Општата болница во Прилеп, каде што од страна на лекар била констатирана смрт“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико